Вардар носи нов бек од Русија како замена за Криштопанс?

Руската колонија во Вардар би можела да се зголеми за уште еден член доколку се реализира најавениот трансфер на Александар Котов во таборот на „црвено-црните“. Како што јавуваат руските медиуми, Котов е многу интересна опција за македонскиот првак, и тоа како замена за Даинис Криштопанс, кој својата кариера ќе ја продолжи во дресот на ПСЖ.

Станува збор за 24-годишен играч на Чеховски медведи, висок 198 сантиметри кој сезонава беше најдобар стрелец на својот тим во Лигата на шампионите со 36 погодоци во елитното европско натпреварување.

Доколку трансферот се реализира, „вардарци“ би имале руски тандем на позицијата десен бек откако минатото лето ангажиран беше Димитри Кисељев, кој дојде во Скопје од редовите на Санкт Петербург.

Се вчитува...