Вардар одигра без голови против Црвена Звезда

Лидерот на табелата во македонскиот шампионат, тимот на Вардар, ремизираше без голови против српскиот првак Црвена Звезда на подготовките во Анталија. Тимот на Александар Васоски по низата порази покажа дека има квалитет токму против составот што играше во групната фаза од Лигата на шампионите оваа сезона. Нов тренер на Црвена Звезда е Дејан Станковиќ кој малку го реновираше тимот.

 

„Црвено-белите“ имаа доминација во поле, но Вардар одлично се бранеше. Вулиќ имаше силен шут од далечина, но Гачевски одбрани, а во 32.минута убава шанса имаше Боачи. Во вториот дел, шанси имаа и Томане, Гавриќ и Крстовиќ, но мрежата на Вардар остана мирна.

Тренерот Александар Васоски мечот го започна со следниот состав: Гачевски, Тошевски, Младеновски, Брдаровски, Реис Жуниор, Мицевски, Димоски, Аврамовски, Попзлатанов, Ибиши.

 

Се вчитува...