Вардар почна со подготовки, целта е одбрана на Куп трофејот и напад на титулата

Денеска во тренинг кампот на ФК Вардар, се собра и го одработи првиот тренинг првиот тим на ФК Вардар, по паузата од дваесетина дена одмор.

Во деновите што следат играчите ќе направат и медицински прегледи, по што на 13.06. ке отпатуваат во Раденци, Република Словенија, на усовршување на тактиките и постигнување на потребното кондиционо ниво за игра, зададено од стручниот штаб на чело со Гоце Седлоски.

Во текот на подготовките ќе се одиграат и контролни пријателски натпревари со тимови од европските лиги, со цел за повисоки достигнувања во следната сезона.

Целта на Вардар идната сезона е да се бори за двата трофеи, односно одбрана на Купот, и да се нападне шампионската титула.

Претходно Вардар не ги продолжи договорите со Мециновиќ, Шаркоски, Ѓурковски, Дианеси и Пинтер, а исто така тимот го напушта и Филип Гачевски. Или Зибери од Тетекс засега е единственото ново име во вардаровите редови.

Се вчитува...