Вардар почнува против Пекинг, а Еурофарм тргнува против Спартак – СЕХА го објави распоредот

Бранителот на титулата, Вардар во првото коло од новата сезона од СЕХ лигата ќе се сретне со кинескиот, Универзитет Пекинг, а вториот акеоднски претставник во регоналното натпреварување, Еурофарм Работник во стартната рунда ќе се соочи со рускиот Спартак. СЕХА го објави распредот за претстојната сезона откако вчера објави нов состав на групте бидејќи Спартак го зазеде местото на Татабања.

Во првото коло во Групата А каде што е Вардар ќе играат и Војводина-Нексе и Татран Прешов-Мотор Запорожје. Во конкуренцијата Б, каде што е Еурофарм во стартнаото коло ќе се сретнат и Металопалстика-Загреб и Мешков Брест-Веспрем.

Сезоната во СЕХА лигата ќе почне на 3 и 4 септември. По завршувањето на групната фза во која ќе бидат одиграни 10 кола, првопласираните екипи обезбедуваат директен пласман во четвртфинлето. Другите екипи од групите ќе разигруваат во плеј-офот. Потоа се играат четвртфиналните дуели, а предноста домашниот меч да биде во реваншот го имаат екипите што директно се пласирале во четвртфинале.

Комплетниот распред за сезоната во СЕХА лигата на следниов линк.

Се вчитува...