Вардар покажа заби, но Работнички беше пресилен

Работнички прокнижи нови бодови на прволигашката табела откако актуелниот вицепрвак рутински ја одработе задачата против Вардар, триумфирајќи со . Овој натпревар требаше да се игра во „Градски Парк“, но откако салата на „центарци“ прокисна од обилните дождови клубовите се договорија мечот да се игра во салата на Вардар во „Кале“.

Избраниците на Мираковски влегоа во мечот како големи фаворити, но младите „вардарци“ изненадија бидејќи со максимално залагање сосема солитно му парираа на Работнички. Сепак, „црвено-црните“ немаа сили за изненадување, Работнички знаеше како рутински да ја одржува двоцифрената предност, за Вардар пред самиот крај да намали на конечните 81-76.

Балмазовиќ погоди шест тројки и беше најефикасен кај Работнички со 26 поени, а одличен натпревар одигра и центарот Младеновски, остварувајќи дабл-дабл од 13 поени и 11 скокови.

Се вчитува...