Вардар поразен од Хајдук Сплит на првиот тест во Анталија

Лидерот на табелата во македонскиот шампионат, тимот на Вардар, со пораз ги стартуваше пријателските натпревари во Анталија. Составот на Александар Васоски загуби од Хајдук Сплит со 3-1, иако по првиот дел „црвено-црните“ имаа водство со голот на Дарко Мицевски. Тој одлично реагираше во 12.минута и успеа да ја погоди мрежата на хрватскиот тим.

Сепак, во вториот дел се случи комплетен пресврт. Леон Крековиќ во 73.минута донесе израмнување, Теклиќ се погрижи за пресврт во 82.минута, а а Крековиќ три минути подоцна со втор гол го постави конечниот епилог на мечот.

Тренерот на Вардар, Александар Васоски, го стартуваше дуелот со следниот состав: Гачевски, Тошевски, Ѓурковски, Новак, Брдаровски, Велковски, Мицевски, Реџепи, Игнатов, Цветаноски, Ибиши.

Се вчитува...