Вардар против Копенхаген во ЛШ: После Малме, преку мостот, па во Данска

Македонскиот првак Вардар, доколку го елиминира Малме, во третото коло од квалификациите во Лигата на шампионите ќе игра против данскиот ФК Копенхаген, кој има голема предност во дуелот со Жилина (1-3) по првиот меч на гости.

Ждребот на УЕФА во Нион сакаше „вардарци“ повторно да патуваат на речиси истата дестинација, од Малме, преку мостот што ги поврзува Шведска и Данска, да се упатат кон Копенхаген. Но, за тоа ќе треба во вторник да одиграат и уште еден одличен меч против Малме во Струмица. По првиот меч, „црвено-црните“ имаат солиден резултат (1-1).

Објективно, Вардар доби силен ривал за третата рунда. Го избегна најзвучниот Селтик, но го заобиколија и Бате Борисов и Марибор, кои реално се полесни противници од данскиот претставник Копенхаген.

На првиот натпревар, на 25/26 јули Вардар би гостувал во Копенхаген, а на 1/2 август ќе биде домаќин.

Хрватскиот првак Ријека, каде настапуваат Стефан Ристовски и Леонард Жута, во следната рунда би се сретнал со австрискиот шампион Салцбург, кој има сигурна предност (0-3) по првиот меч против Хибернијанс (Малта).

ДВОЈКИТЕ ЗА 3. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО ЗА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Zdrepka - 3. kolo LS

Се вчитува...