Вардар против Лазаров, Ристовски, Талески…

Ракометарите на Вардар остварија историски успех со освоената титула во Лигата на шампионите, па „црвено-црните“ како бранители на трофејот ќе влезат во новата сезона од елитното европско натпреварување.

Раул Гонзалес и неговите избраници можат да бидат задоволни од денешната ждрепка откако се најдоа во групата А, која квалитативно е нешто послаба од групата Б. „Вардарци“ за противник ќе ја имаат Барселона со Борко Ристовски, која ја совладаа во полуфиналето во Келн, потоа Нант предводен од македонскиот капитен Кире Лазаров, како и Некар Левен, во чии редови право за настап во ЛШ во следната сезона ќе има и нашиот репрезентативец Филип Талески.

Загреб, Висла Плоцк, Сегед и Кристијанштад се преостанатите ривали за „вардарци“, кои мораат да бидат задоволни што ги избегнаа ПСЖ, Кил и Фленсбург како противници во првата групна фаза.

Пласман во следната рунда обезбедуваат најдобрите шест екипи, од кои само победниците во групите ќе се најдат директно во четвртфиналето од ЛШ.

ГРУПА А: Барселона, Вардар, Некар Левен, Загреб, Висла Плоцк, Сегед, Кристијанштад, Нант.

ГРУПА Б: Веспрем, Кјелце, ПСЖ, Алборг, Мешков Брест , Целје, Фленсбург, Кил.

Се вчитува...