Вардар против „романтичарите“ ќе „лечи рани“, Влахо верува во триумф на Работнички

Вардар и Работнички со меѓусебната дерби пресметка денеска од 17 часот на арената „Тодор Проевски“ во Скопје го отвораат 3. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Вардар, по двата лоши почетни натпревар во првенството, денеска дефинитивно ќе биде во потрага по првата своја радост. Но, и во таборот на „романтичарите“ веруваат дека ќе одиграат квалитетен натпревар преку кој желбата е да се стигне до нови три бода во шампионатот.

„Ми се чини дека нема што многу да криеме меѓусебно, добро се познаваме двата тима со Вардар. Верувам дека тоа ќе биде натпревар на тактичко надмудрување. Јас верувам дека нашите фудбалери ќе го исполнат зацртаното и на крај ќе се радуваме на победа. Мора да се истакне дека Вардар сега силно ќе атакува на триумфот затоа што е под еден вид притисок по двата почетни натпревари без постигнат гол. Но, и со предност ако се знае дека изминатава недела немаше натпревар во Купот“ – вели Влахо пред денешната средба.

Работнички за денешната пресметка на „Тодор Проевски“ нема да може да смета и на неколку фудбалери кои имаат повик во репрезентацијата до 18 години.

„Тоа е и еден мал дополнителен хендикеп за нас. Поради повреда нема во комбинација да биде и Страхиња Крстевски, но без разлика на се секако размислуваме само на победа. Во секој случај, ќе бидат квалитетен натпревар во кој на крајот ќе слави оној со поголема желба на теренот“ – вели тренерот на „романтичарите“.

Останатите четири натпревари од 3. коло во ПМФЛ се играат утре со почеток од 17 часот.

Се вчитува...