Вардар против Шумуликоски во Анталија

Македонскиот шампион Вардар го објави планот на одигрување на пријателски натпревари за време на зимските подготовки во Анталија, каде „црвено-црните“ ќе одиграат шест контролни средби. Една од нив ќе биде против чешкиот прволигаш Словачко, во чии редови настапува и поранешниот македонски репрезентативец Величе Шумуликоски. Тој натпревар ќе се игра на 3 февруари и ќе биде претпоследен за „вардарци“ во Турција, а „црвено-црните“ последниот меч ќе го играат исто така против ривал од Чешка, Дукла Прага.

Како што информираат „вардарци“, фудбалерите се собираат и почнуваат со тренинзи на 7-ми јануари, а во следните два дена, односно на 8-9 јануари ќе бидат направени неопходните лекарски прегледи врз играчите.

Екипата на Вардар ќе тренира во Скопје до 16.01.2018 година, кога експедицијата заминува во турскиот туристички центар Анталија, каде што ќе биде до 5.  февруари.

РАСПОРЕД НА КОНТРОЛНИ СРЕДБИ

20.01. – Пахтакор (Узбекистан)

23.01. – Берое (Бугарија)

27.01. – Черноморец Одеса (Украина)

31.01. – Залгебје Лубин (Полска)

03.02. – Словачко (Чешка)

04.02. – Дукла Прага (Чешка)

Се вчитува...