Вардар рутински до триумф од +16 против Охрид

Ракометарите на Вардар беза апсолутно никакви проблеми дојдоа и до седмата победа во плејофот од Суперлигата на Македонија. „Црвено-црните“ триумфираа со убедливи 35-19 против Охрид на дуелот во СЦ „Јане Сандански“.

Уште од самиот почеток беше јасно дека „вардарци“ апсолутно ќе ја оправдаат фаворитската улога, па веќе на полувремето се стекнаа со предност од 14-8.

Во второто полувреме само рутински се одржуваше и зголемуваше предноста за конечен триумф од 16 гола разлика. Марио Стојановски беше најефикасен кај Вардар со 6 гола, а по пет погодоци постигнаа Дејан Манасков и Милан Лазаревски.

Вардар со оваа победа повторно се издвои на врвот од табелата со осум победи, и само еден пораз, пред Еурофарм Пелистер кој има седум победи и пораз, но вечерва го очекува својот натпревар од 9. коло на гостински терен против Алкалоид во Автокоманда.

Се вчитува...