Ракометарите на Вардар ја оправдаа фаворитската улога и ја остварија втората победа во вториот натпревар во регионалната ракометна лига.
Во СЦ „Јане Сандански“, Вардар со убедливи 44:27 го совладаа тимот на Будванска ривијера.
Гостите успеваа да одржуваат резултатска неизвеснот до средината на првото полувреме (11:11), по што вардарци дадоа шест гола по ред и поведоа со 17:11 и практично ги решија дилемите околу победникот.
Во вториот дел, „црвено-црните“ рутински ги одиграа 30-те минути, ја зголемуваа предноста и на крајот остварија убедлив триумф од 15 голови разлика, а тренерот Иван Чупиќ им даде шанса на сите ракометари.
Најпрецизни во редовите на Вардар беа Воркапиќ и Фадуил со по седум постигнати голови, шест даде Љевар, пет Мохамед, а по четири Јанковски и Малус.
Кај Будванска ривијера одлична партија прикажа Иваниќ кој постигна дури 12 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
