Вардар се мачеше 18 минути, па го растури АЕК

Вардар ја продолжи победничката серија во летниот подготвителен период откако „црвено-црните“ денеска славеа над АЕК со резултат 31-24. Грчкиот тим изненади со одлични игри во текот на турнирот во Струга, каде во финалето го совлада и Работник, а ракометарите на АЕК почнаа одлично и на денешниот дуел со актуелниот европски првак.

Вардар се најде во негатива од 6-11 по 18 минути игра, по што „црвено-црните“ конечно влегоа во посакуваниот ритам. До крајот на полувремето тие направија серија од 8-0 и заминаа на одмор со предност од 14-11, за во второто полувреме позитивата уште повеќе да се зголеми до конечните „плус седум“.

ВАРДАР – АЕК 31:24 (14:11)

ВАРДАР: Гедбан 1, Кугис, Кизиќ, Кукуловски, Димитриоски, Гашовски, Кристопанс 2, Карапалевски, Пелко 1, Дисингер 3, Скубе 7, Чупиќ 4, Дибиров 10, Горбок, Шишкарев 2, Ќосевски, Горпишин 1.

Се вчитува...