Вардар се засили со Јованов од Академија Пандев (ФОТО)

Вардар продолжува со засилувањата за пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Запад.

Нов фудбалер на црвено-црните е Ване Јованов кој доаѓа од екипата на Академија Пандев.

22-годишниот Јованов игра на позицијата десен бек и ги има поминато сите младински категории во репрезентацијата на Македонија. Претходно во својата кариера има настапувано и за штипска Брегалница.

Се вчитува...