Вардар скапо ќе го плати инаетот за Максимов: ФИФА ќе му забрани трансфери во два преодни рока

Инаетот што најтрофејниот македонски клуб Вардар го водеше со Тракаи за трансферот на Максим Максимов, на крајот ќе го плати многу скапо. Литванскиот клуб целиот случај го пријави во ФИФА, а по две години дојде и разврската за трансферот кој беше направен без дозвола од литванскиот клуб.

Вардар уверуваше дека за неговиот трансфер е платена отштета од 50.000 евра, но на крајот ФИФА сепак пресуди во корист на Тракаи. Фудбалерот Максим Максимов е казнет со четиримесечна суспензија и парична казна, додека Вардар исто така ќе добие финансиска казна, но и забрана за трансфери во наредните две преодни рока.

„Мислам дека не е само наше постигнување, туку на сите мали клубови кои се мачат за да обезбедат приходи за фудбалски опстанок. Сакам да потенцирам дека ние неколкупати реагиравме до Вардар, но немаше никаков одговор“, изјави Виртуантас Лемежис, директорот во ФИФА надлежен за вакви меѓуклупски несогласувања.

 

 

Се вчитува...