Вардар славеше на контролата со Работник

Ракометарите на Вардар триумфираа со резултат 32-30 во денешниот натпревар против Работник во малата сала „Јане Сандански“.

Голманите не беа премногу расположени на стартот, а пресудно беше одличното прво полувреме на „вардарци“, кои стигнаа до предност од 20-13. Битолчани заиграа многу подобро во вториот дел, благодарение на голманот Митревски успеаја да се приближат, но „црвено-црните“ сепак стигнаа до посакуваната победа.

Тимур Дибиров со осум гола беше најефикасен на натпреварот, по пет гола за Вардар постигнаа Чупиќ и Скубе. Најефикасни во таборот на Работник беа Радовиќ со шест и Маркоски, Стјепановиќ и Шевелев со по четири погодоци.

Се вчитува...