Вардар вечерва ќе се обиде да стави крај на серијата од четири порази во низа во Лигата на Шампионите на домашен терен против Сегед (20.45 часот). Добра вест за Веселин Вујовиќ е враќањето на Тото и Тимур Дибиров, но предводникот на „црвено-црните“ повторно нема да може да смета на услугите на Куни Моралес, Борко Ристовски, Стефан Атанасовски и Мартин Карапалевски.
Составот на „црвено-црните“ брои и две нови имиња во Васил Гогов и Давид Савревски за кои овој дуел ќе биде деби во елитното ракометно натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА