Вардар со подарок за јубилејот на Дибиров (фото)

Тимур Дибиров на минатонеделниот меч со Пик Сегед го постигна својот јубилеен погодок број 1.000 во Лигата на Шампионите, со што левото крило на Вадар стана само трет ракометар во историјата кому тоа му појде од рака, по Кире Лазаров и Никола Карабатиќ.

„Вардарци“ не заборавија да го одбележат фантастичниот јубилеј, па пред денешниот дуел во Скопје со Пик Сегед на Дибиров му беше врачен пригоден подарок, за спомен на илјадитиот гол во елитното европско натпреварување.

Се вчитува...