Пред почетокот на натпреварот со Тиквеш на кој Вардар ја заокружува новата шампионска титула, црвено-црните се збогуваа со шест играчи кои добија подароци кои ќе им останат во сеќавање за настапот во „црвено-црниот“ дрес и освоените трофеи.
„Вардарци“ се збогуваа од Оливие и Кевин Њокас, Патрик Валчак, Стефан Додиќ, Џереми Тото и Диало Бакари.
„На сите играчи им посакуваме многу успех во натамошната кариера“ – истакнаа од РК Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА