Вардар со понуди за Николиќ и за Додиќ

Вардар од минатото лето сврте кон лист со заминувањето на Сергеј Самсоненко и оставањето на голми долгови зад себе, а новата управа на „црвено-црните“ дефинитивно ја промени и стратегијата кога станува збор за засилувањата кои се планираат. „Вардарци“ најавуваат најмалку едно засилување во текот на зимава, а на врвот на листата со желби се наоѓа Јовица Николиќ.

Станува збор за 19-годишен десен бек висок 190 сантиметри кој настапува за Војводина. Николиќ важи за голем талент, неодамна дебитираше и за сениорската репрезентација на Србија на дуелите со Франција. „Вардарци“ се сериозно заинтересирани за негов ангажман, а доколку биде постигнат целосен договор Николиќ наскоро би можел да се приклучи на подготовките под водство на тренерот Алушовски.

„Црвено-црните“ покажале интерес и за најталентираниот ракометар на Металург, Стефан Додиќ. Испратена била и понуда што „металурзите“ експресно ја одбиле, но „вардарци“ не се откажуваат од намерата да го доведат овој талентиран бек во своите редови по завршувањето на сезонава.

Се вчитува...