Вардар со пораз со врати во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар по петгодишна пауза се вратија во Лигата на шампионите со пораз. „Црвено-црните“ се поразени со 31:28 на гостувањето кај Мелсунген.

Првото полувреме помина во резултатски израмнета игра, најголемата предност изнесуваше три гола за домашниот тим (7:4), но веднаш беше вратена неизвесноста благодарение на головите на Љевар и Воркапиќ.

До крајот на првиот дел се играше гол за гол и на одмор се замина до минимална негатива на вардарци (16:15).

На стартот од второто полувреме Мелсунген по голот на Гола повторно дојде до плус три (19:16), Вардар возврати преку Малус.

Во 39-та минута германскиот тим поведе и со 25:20, но вардарци не го кренаа белото знаме, Гогов на голот го замени Валас со четири одбрани, ги крена навивачите на Вардар на нозе и им даде дополнителен поттик на соиграчите и по голот на Воркапиќ во 48-та минута дојдоа до минус два (28:26).

Во следниот напад, Гогов го запре шутот на поранешниот вардарец Кристопанс, а Љевар намали на 28:27.

Вардар имаше напад за израмнување, но шутот на Анастасовски го одбрани Симиќ, а Мелсунген реализира за плус два.
Во 54-та минута Кристопанс со својот прв гол му донесе предност на Мелсунген од 30:27, но експресно возврати Вардар преку Фадуил.

На две и пол минути пред крајот, Гола го носи Мелсунген на плус три (32:29), предност која се покажа недостижна до крајот.
На крајот Мелсуген славеше со 33:31. Воркапиќ беше најдобар кај Вардар со девет гола, Љевар даде седум, додека Гогов кој бранеше во второто полувреме имаше шест одбрани. Кај Мелсунген, Дростен и Гола дадоа по пет гола.

Во второто коло кое се игра следната недела, Вардар пред своите гледачи ќе игра против Нант.

Во вториот натпревар кој се играше во вечерниот термин, Спортинг со 43:33 го совлада ГОГ.

Се вчитува...