Двократниот европски шампион Вардар, со рутинска победа над Прилеп од 39-29 го стартуваше настапот на 54. издание на ракометниот турнир во Струга.
Вардарци уште во првото полувреме беа подобар противник па веќе на пауза против прилепчани имаа предност од пет гола (18-13). Како изминуваше натпреварот разликата само се зголемуваше, а на крајот „црвено-црните“ славеа со убедливи 39-29.
Вечерва во вториот натпревар од денешната воведна програма на турнирот во езерското дерби ќе се сретнат домаќинот Струга и големиот ривал Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
