Вардар со сите сили за ангажман на Камерунецот Моунпаин

Вардар се впушти веќе и дефинитивно во сериозна трка за ангажман на камерунскиот репрезентативец Оусени Моунпаин кој изминатава полусезона настапуваше во редовите на Скопје.

24-годишниот Камерунец, кој игра на централната дефанзивна но и на десната бековска позиција, е желба и на Работнички. Но, според последните информации, „црвено-црните“ испратиле сериозна финансиска понуда до Камерунецот која во редовите на Вардар би добивал плата од 6.000 евра. Токму поради тоа веќе интензивни се најавите дека наредниот период ќе следи и официјална негова промоција во црвено-црниот дрес.

Моунпаин остави зад себе одлична сезона во дресот на Скопје, по што доби и повик за настап во репрезентацијата на Камерун за пријателскиот натпревар против Буркина Фасо.

Како што е познато, пред официјален договор со Вардар е и поранешниот фудбалер на Шкендија, Бразилецот Виктор Јуфо.

Работнички, пак, е пред ангажман на Французинот Жоел Бопесу, кој исто така настапуваше во тимот од Автокоманда изминатава полусезона.

Се вчитува...