Двократниот европски шампион Вардар стигна до премиерната победа во новото натпреварување на Балканот, Регионалната лига откако денеска во меч кој се играше во СЦ „Билјанини извори“ во Охрид славеше над Војводина со 36-30.
Откако гостите од Србија беа во егал на стартот на мечот, вардарци во последните десет минути од првиот дел заиграа подобро, па сето тоа доведе на пауза меѓу двете полувремиња да заминат со позитива од пет гола 20-15.
Во вториот дел избраниците на Иван Чупиќ рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 36-30. Љевар и Да Силва со по шест гола беа најефикасни во таборот на победникот, додека кај поразените Чировиќ исто така постигна шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
