Вардар со убедлива победа и против Бутел до финале на „Струга 2020“ (ФОТО)

Ракометарите на Вардар со убедлива победа и против Бутел во 3. коло од групната фаза обезбедија финале на традиционалниот турнир „Струга 2020“.

„Вардарци“ без апсолутно никакви проблеми славеа против Бутел со 25-17, откако првото полувреме го добија со 14-11.

Во финалето на турнирот Вардар ќе се соочи со битолски Е. Пелистер.

Се вчитува...