Вардар со уште еден голем проблем пред Супер-глоуб

Тренерот на Вардар, Давид Писонеро, се соочува со сериозни проблеми во пресрет на Супер-Глоуб откако по Бразилецот Толедо повреда заработи и Павел Атман.

Рускиот репрезентативец од трибини го следеше денешниот контролен меч со Работник, поради повреда на прстот заработена на еден од последните тренинзи на „црвено-црните“. Првичните информации говорат дека ќе следи пауза од најмалку десет дена, што ќе значи дека Атман нема да може да настапи на Супер-Глоуб.

Натпреврувањето за титулата светски клупски првак ќе се одржи од 27 до 31 август во Саудиска Арабија. Вардар ќе игра директно во четвртфиналето и таму за прв противник ќе го има победникот од дуелот меѓу Ал Мудхар и Њујорк. „Црвено-црните“ ќе бидат апсолутни фаворити на овој меч, а во случај на победа потенцијален ривал во полуфиналето е германскиот гигант Кил.

Се вчитува...