Вардар сонува реприза: Голот што ја потопи Барса во Келн (видео)

Вардар својот премиерен натпревар на Ф4 турнирите во Келн го играше токму против Барселона. Каталонците беа фаворити, но Раул Гонзалес и неговите избраници имаа поинакви планови. Цели 60 минути се водеше беспоштедна битка на теренот, за на хепиенд да се радува македонскиот шампион.

Раул зеде тајмаут, а по бројните додавања се создаде малку простор за Циндриќ, кој со проектил од десната рака ја испрати топката во мрежата на Гонзало Перез де Варгас.

Ситуацијата е слична и годинава, повторно двата ривали се среќаваат во полуфиналето. Барса повторно е фаворит, но Вардар не би бил она што е доколку не е способен да земе скалп на гигантите токму кога е најважно. „Црвено-црните“ сонуваат реприза, веќе го нема Циндриќ во тимот, но Парондо има бројни адути што сезонава покажаа дека знаат да погодат кога е најважно.

Се вчитува...