Вардар стартува утре, ќе оди и на подготовки во Словенија

Македонскиот вицепрвак Вардар утре ќе ги стартува летните подготовки. Финансиската состојба е малку подобрена, а првиот тренинг е закажан за 18 часот во тренинг кампот во Хиподром.

Екипата на „црвено-црните“ ќе се подготвува во Скопје до 17. јули, а потоа е планирано составот на Александар Васоски да замине на подготовки во Рогашка Слатина, Словенија. Таму експедицијата останува до 2. август и ќе одигра неколку меѓународни пријателски натпревари.

Поради казната од ФИФА, Вардар во летниот преоден рок нема да смее да потпишува договори со нови фудбалери.

Се вчитува...