Вардар триумфално во Велес: Борец може со секого во Велес, но не и против црвено-црните

Фудбалерите на Вардар, и покрај сите проблеми со кои се соочуваат, триумфално го завршија првиот натпревар од 12. коло во ПМФЛ. Црвено-црните со 0-2 славеа на гостувањето против Борец во Велес, со головите на Попзлатанов во 80. минута и Цветаноски во 91.минута.

Борец подобро го почна натпреварот со неколку убави можности во првиот дел, но без реализација. Во 13. минута Прелчец имаше 100% шанса, но шутира покрај голот на гостите. Во 26. минута Оливер Пеев прописно се посрамоти. Сам пред голот на Вардар на 12 метри но шутираше далеку покрај голот на Илиќ.

Но, по не реализираните шанси на крај триумф на црвено-црните со два гола во последните десет минути.

По оваа победа, Вардар го избегнува дното на табелата, пробивајќи со во првата половина од табелата во шампионатот.

ПРВА ЛИГА – 12. КОЛО

Велес: БОРЕЦ – ВАРДАР 0-2

УТРЕ (13 ч.)

Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ

Скопје: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Кратово: СИЛЕКС – БЕЛАСИЦА

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ПЕЛИСТЕР

Струга: СТРУГА ТЛ – РЕНОВА

Се вчитува...