Вардар убедлив за крај на есента, па сега почнува неизвесноста до почеток на пролетта (ВИДЕО)

Вардар ја запиша најубедливата победа за крај на есента триумфирајќи со 0-3 на гостувањето против Беласица во Струмица.

Победата за црвено-црните ја најави токму поранешниот офанзивец на Беласица, Мартин Мирчевски по само 16 секунди игра.

Во второто полувреме, стрелаа и Андреј Стојчевски и Матеј Цветановски во 61. минута за конечни 0-3.


Сето тоа, за успешен крај на есента и најава за долга неизвесна зима во која ќе се решава судбината на најтрофејниот македонски клуб.

Како што е познато од претходно, овој Вардар најави опстојување само до крај на годината под се уште водство на сопственикот Сергеј Самсоненко, кого и онака веќе долго го нема во и околу клубот а очигледно не планира подмирување на огромните наталожени долгови со кои го „зароби“ Вардар. Заминување најавуваат голем број фудбалери од тимот, како и шефот на стручниот штаб Александар Васоски.

Се вчитува...