Вардар утре ќе го промовира Дарко Панчев во нов спортски директор

Актуелниот шампион Вардар добива значајно кадровско засилување. Легендата Дарко Панчев се враќа во својот матичен клуб и ќе ја извршува функцијата спортски директор.

ФК Вардар официјално закажа прес – конференција за утре, со почеток во 11 часот, во просториите на Фудбалската академија, која се наоѓа зад Источната трибина на арената „Филип втори“. Така, лидерот на Обединетите за фудбалот сега ќе добие улога во ФК Вардар. Тој при првото претставување на „фудбалската опозиција“ се издвои како лидер, одржа и говор, беше најавен и како кандидат за иден претседател на ФФМ, но во последните неколку месеци се оттргна од тоа друштво.

Интересно, претходно и Ѓоко Хаџиевски беше спортски директор на Вардар, и издржа неколку месеци, заминувајќи си поради незадоволство од сопствениот статус во клубот, и тоа во период со актуелново раководство.

Ова е трето враќање на Дарко Панчев како функционер во ФК Вардар. Првиот пат кога на чело на клубот беше „Макпетрол“, вториот пат со Слободан Вујчиќ – Брацо, и сега оди кон „трета среќа“, со Сергеј Самсоненко.

Се вчитува...