Вардар владее во ЛШ: Тимур Дибиров го има голот на четвртфиналето

Македонскиот ракометен првак Вардар обезбеди трет последовен пласман на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите. Сосема заслужено ракометарите на европскиот првак од 2017 по четвртфиналната фаза ги собираат признанијата за најдобрите во овој натпреварувачки сегмент.

Тимур Дибиров и неговиот погодок во второто полувреме од возвратниот натпревар против Пик Сегед за 22-13 и неверојатно тешкиот агол од кој погоди го заслужиа епитетот најдобар гол на втортата половина од четвртфиналето во елитното натпреварување. Веднаш зад него се најде нашиот репрезентативец Дејан Манасков со прекрасниот погодок за Веспрем на дуелот со Фленсбург.

Најубавите пет погодоци од реванш дуелите во четвртфиналето, на чело со ремек-делото на Дибиров, можете да ги погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...