Вардар за новата сезона ќе има нов капитен – голманот Васил Гогов.
„Гогов е играч кој долго време е верен на клубот, кој растеше со Вардар, се бореше за овој дрес и секогаш беше дел од црвено-црната приказна, сега добива нова и одговорна улога – да биде лидер на тимот на теренот и надвор од него. Капитенската лента е чест, но и обврска. Таа носи одговорност, карактер и пример за сите во соблекувалната. Веруваме дека Васил со својата посветеност, работа и љубов кон клубот ќе ја носи достоинствено“ – информираа од РК Вардар.
Негов заменик-капитен во новата сезона ќе биде Јака Малус, еден од најискусните играчи во тимот и важен дел од играта на РК Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
