Вардар во Словенецот Денис Шме гледа замена за Висар Муслиу!?

Фудбалерот на словенечки Марибор, Денис Шме е можна замена за Висар Муслиу во редовите на македонскиот шампион Вардар.

23-годишниот поранешен младински репрезентативец на Словенија е можно засилување на „црвено-црните“ во одбранбените редови. Според последните информации, веќе е остварен контакт меѓу двете страни па наредниот период се очекува одговор околу тоа дали Шме би можел да ги засили вардаровите редови.

Шме е фудбалер кој ги минал сите младински селекции во Словенија, а за Марибор одиграл 25 натпревари во дефанзивните редови. Како можно засилување на „вардарци“ се спомнува и 22-годишниот фудбалер од средниот ред на Марибор, Рок Кидриќ.

Висар Муслиу го напушти Вардар во зимскиот преоден рок и пред засилување на екипата на Академија Пушкаш во Унгарија.

Се вчитува...