Вардар загуби и од Бачка Топола… (1-2)

По убедливите порази од сплитски Хајдук (1-3) и украински Динамо Киев (0-4), Вардар го запиша и третиот пораз за време на подготовките во Анталија, овој пат од српскиот суперлигаш ТСЦ Бачка Топола со 1-2 (0-1).

Србите до предност стигнаа уште во првото полувреме со погодокот на Зец. Во вториот дел стрелец за Бачка Топола за 0-2 беше и Арсенијевиќ, а Вардар во финишот од средбата со голот на Колевски само го ублажи поразот.

Вардар на дуелот против српскиот тим настапи во следниот состав: Илиќ, Тошевски, Младеновски, Новак, Брдаровски, Попзлатанов, Најдовски, Димоски, Аврамовски, Цветаноски и Ибиши.

Следниот натпревар на „црвено-црните“ на подготовките во Анталија е против белградска Црвена Звезда на 29. јануари.

Се вчитува...