Вардар закажа шампионска фешта – фудбалерите и ракометарите заедно на едно место

Оваа година минува во знакот на Вардар и на фудбалски и на ракометен план, откако „црвено-црните“ по неколку години пауза стигнаа до шампионските титули во двата водечки спортови во Македонија.

За прослава на големите успеси, организирана е заедничка забава на која ќе бидат присутни и ракометари и фудбалерите на Вардар. Како што информираа од фудбалскиот колектив, забавата е закажана за сабота 23 мај, во градскиот парк во Скопје.

„Официјалната прослава за Шампионската титула на ФК Вардар ќе се одржи во сабота, 23 мај, со почеток во 20:00 часот на Школката во Градскиот Парк во Скопје.

На настанот ќе присуствуваат сите фудбалери и ракометари на Вардар, кои оваа година ги обединија титулите и ги вратија во Скопје. Програмата вклучува настап на реномиран рок бенд, комерцијални шанкови во организација на Здружение 35 години Вардарци, како и VIP и V-VIP зона во организација на ФК Вардар АД. Поканети се сите“, објавија од ФК Вардар.

Се вчитува...