„Вардаре не можам без тебе, не можам без тебе“ – Комити со песна се враќаат од Сегедин (ВИДЕО)

Популарната песна на Маријана и Росана во адаптирано издание е химната на Комити по патот од Унгарија кон Македонија. Навивачите на Вардар задоволни се враќаат од гостувањето на кое нивните миленци обезбедија трет последовен пласман на Ф4 турнирот од ракометната Лига на шампионите во Келн. Овие нови стихови веројатно ќе ечат и во „Ланксес арена“.

„Вардаре не можам без тебе, не можам без тебе. Подобро уби ме уби ме, но не оставај ме“ – се пее во комбето на Комити.

Се вчитува...