Вардарки стартуваат без Суслина

Ракометарките на Вардар викендов го продолжуваа настапот во главната фаза од Лигата на шампионите, по двомесечната зимска пауза во натпреварите. На 29 јануари, македонскиот шампион ќе и гостува на екипата на Будуќност во Подгорица. Стартот на пролетниот дел од сезоната ќе го пропушти голманката Ина Суслина која се уште се опоравува по операцијата на коленото, информираа од Вардар на официјалниот клупски сајт.

Во подготовките пред продолжението на Лигата на шампионите, вардарки настапија на првиот турнир од обновената регионална ВРХЛ лига што се одржа во Подгорица. Од овој настап, Вардар има пораз од Будуќност (29-30) и победа против Крим Меркатор (38-29).

Во главната фаза од ЛШ, вардарки ќе одиграат натпревари во групата против Будуќност, Мец и Турингер. Во главната фаза Вардар пренесува седум бода и стартува од првата позиција. Пласман во четвртфиналето обезбедуваат првите четири од шесте екипи во групата.

Група 1- табела: Вардар 7, Будуќност 6, ФТЦ 5, Мец 4, Турингер 2, Астраханочка 0.

Се вчитува...