„Вардарки“ во група со Ларвик, ФТЦ Будимпешта и квалификант

Ракометарките на Вардар ги дознаа противниците во првата фаза од Лигата на шампионите, па за пласман во главната рунда ќе се борат со екипите на Ларвик, ФТЦ Будимпешта и најдобриот тим од квалификациската група 2 (каде ќе се натпреваруваат Турингер од Германија, Хорс од Шведска, Хипо од Австрија и Атлетико Гуардес од Шпанија). Навидум групата не е нималку лесна со оглед на реномето на Ларвик и квалитетот што и лани го покажа ФТЦ, но факт е дека „вардарки“ поседуваат и квалитет, а сега се и поискусни за една сезона, за да без проблеми ја минат оваа група и да ја потврдат намерата за атак на првото место што за малку им побегна минатиот месец во Будимпешта.

Добра вест за „црвено-црните“ е што во главната фаза ги избегнуваат двата најсериозни ривали за титулата, ЧСМ Букурешт и шампионот Ѓер. „Вардарки“ потоа вкрстуваат со групата Д каде носител е Будуќност, црногорскиот првак кој е значително ослабен во новата сезона со заминувањето на клучните играчи како Неагу, Булатовиќ и Цвијиќ.

ГРУПА А: ЧСМ Букурешт, Никобинг, Крим Меркатор, Висла Гдиња.

ГРУПА Б: Ѓер, Ростов, Митјиланд, Брест.

ГРУПА Ц: ЖРК Вардар, Ларвик, ФТЦ Будимпешта, Квалификациска група 2.

ГРУПА Д: Будуќност, Мец, Битегхајм, Квалификациска група 1.

Се вчитува...