„Вардарци“ ја почувствуваа „Сведбанк арена“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Пријатно време и одличен терен на „Сведбанк“ стадионот вечерва ги пречека „вардарци“ на официјалниот тренинг пред утрешниот натпревар од Лигата на шампионите против Малме.

Шефот на стручниот штаб, Гоце Седлоски им ја „сервираше“ последната подготовка на своите избраници пред утрешниот меч кој почнува во 19 часот. Седлоски ќе може да смета на сите расположиви сили кои отпатуваа за Малме. Како што е познато, поради повреди во Скопје останаа Дарко Велковски и Џамбул Џигаури.

Vardar trening 4

vardar trening 3

Утрешниот натпревар ќе биде прв официјален меч против Малме на Вардар во историјата. Двете екипи досега имаат една меѓусебна пријателска средба во далечната 1952 година, кога Вардар славеше со 3-1 во натпревар одигран во Скопје.

vardar trening

vardar trening 2

Се вчитува...