Вардарци мислеа уште се на „распуст“, Скопје толку може, само во Кратово малку подобар фудбал

Вардар дојде со сениорски тим на „Железарница“ против Скопје, но немаше поголема разлика во пристапот и во играта од претходните два меча, кога бојкотираше и играше со младинци. Тимот на Чедомир Јаневски можеби мислеше дека се уште е на „распуст“ и не прикажа речиси ништо против „фенерџијата“.

Неколку обиди од далечина и воздушни дуели по многубројните корнери, но без посериозен ефект кон голот на Скопје.

Барсегјан беше малку поенергичен од останатите соиграчи, но неговиот шут ниско по земја во вториот дел сепак не заврши во мрежата на домаќините. Во завршницата, Јаневски се закани кон голот на Гачевски, но голманот на Вардар беше присебен и успеа да одбрани.

Малку поквалитетен фудбал прикажаа Силекс и Шкупи во Кратово. Во 11.минута, Силекс поведе со голот на Маркос, но Баже Илијоски успеа да израмни во 42.минута со одличен удар од 20 метри.

Во Охрид, Победа и Академија Пандев ремизираа без голови.

ПРВА ЛИГА, 23.КОЛО

СКОПЈЕ – ВАРДАР 0-0

ПОБЕДА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0-0

СИЛЕКС – ШКУПИ 1-1

ВЧЕРА

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 0-2

РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР 1-0

Табела: Шкендија 59, Вардар 43, Силекс 36 (-1), Шкупи 29, Работнички 28, Академија Пандев 28, Ренова 25, Победа 22, Пелистер 21 (-1), Скопје 17.

 

Се вчитува...