Вардарци на подготовки во Крањска Гора

Ракометарите на Вардар по неколкудневните тренинзи во Скопје, подготовките за новата сезона ги продолжуваат на Крањска Гора. На висинските подготовки во Словенија тренерот Раул Гонзалес на располагање има 20 ракометари меѓу кои се и новото засилување, Даинис Криштопанс и тројцата ракометари што беа прекомандувани од тимот на Вардар јуниор –  Даниел Ѓорѓески,Тоше Ончев и Мартин Поповски.

Вардарци во Словенија ќе тренираат до 11 август, а потоа продолжуваат во Германија каде ќе го одиграат првиот контролен натпревар против екипата на Бергишер. По овој меч следува настап на турнирот во Гумерсбах на кој актуелниот европски шампион ќе се сретне со германскиот првак Рајн Некар Левен со кој во наредната сезона ќе играат и во иста група во Лигата на шампионите.

Од 24 до 29 август, Вардар го очекува настапот на Супер Глоуб во Катар.

Новата сезона во регионалната СЕХА лига, „црвено-црните“ ќе ја отворат со дуелот против Металург на 2 септември, а одбраната на титулата во ЛШ ја почнуваат на 13/17 септември со гостински натпревар против Висла Плоцк во првото коло од групната фаза.

фото: РК Вардар

Се вчитува...