Вардар се закити со трофејот во М16 лигата на Македонија откако „црвено-црните“ вечерва во драматично финале славеа над Водно санс со резултат 90-86.
Водно санс имаше пет поени предност по првото полувреме, но Вардар заигра подобра одбрана во преостанатите 20 минути успевајќи да го сврти резултатот во своја полза и да стигне до трофејот.
Шадиновски ги предводеше стрелците на Вардар со 22 поени, пред Трпчевиќ со дабл-дабл од 17 поени и 11 скокови.
ФИНАЛЕН ТУРНИР М16 ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ
ПОЛУФИНАЛЕ
Вардар – Работнички 78:58
Водно санс – Феникс 2010 92:71
НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО
Работнички – Феникс 2010 69:82
ФИНАЛЕ
Вардар – Водно санс 90:86
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
