Вардарци отпатуваа на подготовки во Анталија

Есенскиот првак Вардар отпатува за Анталија каде ќе го реализира вториот дел од зимските подготовки. Тренерот Александар Васоски поведе и поголем број млади фудбалери во експедицијата кои ќе треба да се наметнат низ пријателските натпревари, а го нема младиот стопер Никола Серафимов, кој најверојатно ќе го напушти клубот и ќе замине во српскиот клуб Вождовац. Тој поднел документи за раскин на договорот со „црвено-црните“.

Вардарци во Анталија од 20.јануари ќе почнат со пријателски натпревари и имаат закажано шест „контроли“.

Се вчитува...