„Вардарци“ пред Шведска: Малме не е „страшен“ ривал

Фудбалерите на Вардар попладнево го одработија последниот тренинг во Скопје пред патувањето за Шведска, каде в среда ќе ги одмерат силите со Малме во првиот меч од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Атмосферата во таборот на „црвено-црните“ е на највисоко ниво, а тренерот Седлоски и неговите избраници се свесни дека Малме е ривал што мора да се респектира, но никако и не смее да се има страв од него. Седлоски нема да може да смета на услугите на репрезентативецот Дарко Велковски, а неизвесен е настапот на Петар Петковски.

Вардарци во понеделник во раните утрински часови заминуваат во шведскиот град. Утре вечер ќе има еден неофицијален тренинг, а официјалната подготовка на екипата ќе биде во вторник во 19 часот на стадионот на кој ќе се игра и натпреварот, в среда со почеток во 19 часот.

Се вчитува...