Вардарци пристигнаа во Струмица, се подготвуваат за Малме

Македонскиот првак Вардар од денеска се пресели во Струмица, каде во вторник, со почеток во 18 часот, ќе го пречека Малме во реванш мечот од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ имаат поволен резултат (1-1) од првиот дуел во Шведска, па сега ќе треба да ја докомплетираат мисијата на реваншот во Струмица.

vardar vo strumica 2

Вардарци веќе одржаа еден тренинг на стадионот „Младост“, а ќе тренираат и утре, кога во Струмица ќе пристигне и шведскиот тим Малме, кој исто така треба да одработи официјален тренинг на теренот на кој ќе се одвива мегданот.

Се вчитува...