Вардарци стартуваа со подготовките за новата сезона

Европскиот шампион Вардар ги почна подготовките за новата сезона во која ќе брани четири титули во различни конкуренции, титулата во Лигата на шампионите, во регионалната СЕХА лига и на домашна сцена, шампионската и титулата во Купот на Македонија.

vardar kristopans, makeda

Тренерот Раул Гонзалес во составот за новата сезона има ново засилување на десната бековска позиција во Даинис Криштопанс кој дојде од Мешков Брест како замена за Алекс Душебаев кој замина во Кјелце. Од Вардар јуниор во првиот тим на Вардар се прекомандувани голманот Даниел Ѓорѓески, десното крило Мартин Поповски и бекот Тоше Ончев.

vardar novi

Според планот на подготовките, вардарци неделава ќе тренираат во Скопје, а на 11 август екипата заминува за Грманија. Првиот контролен натпревар во подготовките пред новата сезона, европскиот шампион ќе го одигра против бундеслигашот Бергишер,  потоа „црвено-цените“ ќе настапат на турнир во Гумерсбах. На 12 август Вардар ќе игра против Рајн Некар Левен, а следниот ден е натпреварот за пласман.

davis, raul vardar

Од 24 до 29 август, Вардар прв пат ќе игра на неофицијалното клупско светско првенство Супер Глоуб во Доха, заедно со екипите на Барселона, Фуксе Берлин, Нафт-О-Гашаран, Есперанца, Пињеирос, Сиднеј и домаќинот Ал Саад.

Новата сезона во Лигата на шампионите вардарци ја полнуваат со гостувањето кај Висла Плоцк (13-17 сепетмеври).

фото: РК Вардар

Се вчитува...