„Вардарци“ тргнаа на пат за Келн (видео)

Ракометарите на Вардар денеска од скопскиот аеродром тргнаа на пат за Келн, каде викендов ќе се обидат да го повторат успехот од 2017 година и да се искачат на тронот на ракометна Европа. Тие ќе летаат преку Виена, по што ќе пристигнат во Келн, каде утре ќе се сретнат со претставниците на медиумите ширум Европа и ќе го одржат првиот тренинг во германскиот град.

Исто како и пред две години, нивни ривал во полуфиналето ќе биде Барселона, а во случај на триумф „вардарци“ во неделното финале ќе се сретнат со подобриот од мечот Веспрем – Кјелце.

Полуфиналето меѓу Вардар и Барселона на програмата е в сабота со почеток во 18 часот.

Се вчитува...