Ракометарите на Вардар денеска отпатуваа за Катар, каде во периодот од 25 до 28 август ќе биде дел од Суперглоуб. По освојувањето на европската титула на Ф4 турнирот во Келн, „црвено-црните“ сега атакуваат и на титулата светски клупски првак, со која би била заокружена најуспешната година во клупската историја, по трофеите во ЛШОва ќе биде прво учество на Вардар на неофицијалното клупско СП, во обид да го освојат и петтиот трофеј годинава. По триумфот во СЕХА Газпром лига, во домашниот Куп, лигата на шампионите и првенството на Македонија ова е уште една шанса да станеме најуспешната екипа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА