„Вардарци“ тргнуваат со подготовки на 24 јули, ќе играат турнири во Германија и во Франција

Ракометарите на Вардар ќе го имаат првиот собир под водство на новиот тренер Парондо на 24 јули во Скопје, а како дел од подготовките за новата сезона „црвено-црните“ ќе настапат на два силни меѓународни турнири, во Германија и во Франција.

Според програмата, од 24 јули до 31 јули ќе се работи во Скопје каде ќе се извршат сите потребни лекарски прегледи. Потоа се заминува на подготовки на Крањска Гора во Словенија, од каде директно екипата ќе отпатува за Германија. Турнирот во оваа земја е закажан за перидот од 10 до 13 август. Според програмата на првиот ден (10 август) во 20,15 часот „вардарци“ ќе се сретнат со Хамбург, а на 11 август во зависност од првиот меч ќе следат уште два натпревари, во зависност од резултатите на останатите средби. На овој турнир ќе играат и екипите на: Лајпциг, Монпелје, Фуксе Берлин и Кристијанштад.

По враќањето од Германија ќе се тренира во Скопје, и на 18 август во Струга е закажан дуелот од  Супер-купот на Македонија против Металург.

На крајот од месец август Вардар ќе биде дел и од силен меѓународен турнир во Стразбург, Франција. Вардар на ова натпреварување ќе биде дел Група 1 заедно со ПСЖ и Мешков Брест. Во Група 2 ќе бидат: Нант, Монпелје и Веспрем.

Се вчитува...